Здравје

Како функционира мозокот на психопатите?

24. ноември 2017 - 10:52 | К.З.

Истражување извршено над 49 затвореници сместени во психијатриска институција открива дека мозокот на психопатите прави одлуки многу поразлично од мозокот на останатите луѓе.

Доктор Џош Бакхолц, невролог на Универзитетот Харвард, спроведе истражување над 49 затвореници кои ја одлежуваат нивната казна во психијатриска институција, и наодите ги запиша во неговата студија.

„Со години се убедувавме дека психопатите се луѓе кои не можат да чувствуваат чувства како обичниот човек и затоа прават ужасни работи. Но, она што е загрижувачки кај психопатите не е недостатокот од чувства, туку начинот на кој тие одбираат што ќе направат“, рече Бакхолц.

Скенирањата кои тој ги извршил покажале две работи:

  • Мозокот на психопатите го привлекуваат награди и признанија
  • Нивниот мозок не е загрижен од последиците кои можат да настанат од некоја постапка

За разлика од нив, мозокот на останатите луѓе е многу загрижен од последиците, па затоа тој одбира со која постапка ќе избегне лоши последици.

Според истражувањето, ова се должи на фактот што кај психопатите е послаба врската во деловите од мозокот кои го одредуваат задоволството од добивањето на награда или признание, и делот од мозокот кој е задолжен за резонирање на последиците од одредена активност.

„Тие не се бесчуствителни вонземјани, туку се луѓе кои прават лоши одлуки. Истото компулсивно однесување што е забележано кај психопатите го забележуваме и кај луѓето кои се зависници од супстанци или од храна. Тоа не се животни, туку се луѓе кои имаат нарушување во мозокот“, заврши тој.

Коментирај