Како гласаше Македонија за наградата The Best на ФИФА?

Филип Здравески
/ 01.03.2023 / 14:08

Во понеделникот вечерта во Париз ФИФА го одржа настанот The Best на кој беа прогласени победниците во повеќе категории, а во центарот беше Меси кој ја освои главната награда за најдобар играч.

Македонија преку три свои претставници гласаше во изборот за најдобар фудбалер, а како и секоја година, така и сега, ФИФА јавно ги обајви гласовите од секој поединец.

Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, токму на Меси му доделил максимални 5 поени, 3 му дал на Лука Модриќ, додека 1 на Хулиан Алварес. Интересно, Ристовски ги остави без бодови Килјан Мбапе и Карим, Бензема, кои завршија на второто и третото место, зад Меси.

Селекторот Благоја Милевски, пак, гласајќи всушност го погодил конечниот редослед. Петте поени му ги дал на Меси, 3 на Мбапе, а 1 на Бензема.

Претставникот на македонските спортски медиуми, Мијалче Дургутов, познат од деновите во згаснатиот реномиран СКОК, исто така за најдобар го гласал Меси. Три поени му дал на Мбапе, а еден на Модриќ.

Тројцата македонски претставници гласале идентично кога станува збор за петте поени, сите давајќи му ги на Меси.

Аргентинецот на крајот победи во изборот на ФИФА освојувајќи 52 гласа наспроти 44-те на Мбапе, а Бензема доби само 34.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе