Како големите авиокомпании штедат гориво?

Авиокомпаниите секогаш наоѓаат начини да заштедат гориво, а некои од начините се толку апсурдни што звучи смешно кога ќе го слушнете првпат но потоа ќе се запрашате како решението може да е толку едноставно.

Годината е 1987, а American Airlines решаваат да скратат по една маслинка од секоја салата која ја служат во нивните авиони и со тоа да го намалат трошокот на компанијата за 40.000 долари годишно. Заштедата е двојна – прво, компанијата купува помалку маслинки и второ, авионот е полесен и троши помалку гориво.

Маслинките не се големи, но кога е во прашање тежината на авионот и количината на гориво потребно да се придвижи еден од нив, авиокомпаниите не се шегуваат. А и мора да биде така, бидејќи авионите трошат по еден литар гориво во секунда.

Постојат повеќе начини да се намали тежината на авионот. На пример, Virgin Atlantic користи авиони со потенки стакла и ги изфрли од употреба тешките послужавници од бизнис-класата. Исто така, чоколадите и останатите слатки беа заменети со лајт варијанта, оброците беа редизајнирани и беше направена поголема понуда на пијачки навечер кога помалку луѓе пијат.

Проценките велат дека намалувањето на вкупната тежина за само половина килограм може да ѝ заштеди на компанијата преку 14.000 галони гориво на годишно ниво.

Начините за заштеда на гориво се безбројни, а некои од нив дури и апсурдни. Така, British Airways почна да печати весници и магазини на потенка хартија и со тоа заштеди 300.000 долари годишно со намалување на потрошувачката на гориво. Компанијата Tomas Cook ги опреми авионите со полесни седишта и им продава на патниците купони за користење на услугите во авионот. Со купоните, заштедуват на оброци, тоалетна хартија и слично. Од друга страна, авиокомпанијата Ryanair не е толку суптилна и им препорача на луѓето од персоналот да внимаваат на нивната тежина. Најбруталната од сите е компанијата Samoa Air, која во 2013 година воведе „такса за дебели“, според која цената на билетот се одредуваше според тежината на патникот.

„Авионот работи подобро кога е полесен. Ние не продаваме седишта, ние продаваме тежина“, рече тогашниот извршен директор на Samoa Air, Крис Ленгтон за CNN.

Истражувачите од Универзитетот МИТ пресметаа дека секој патник кој има со себе мобилен телефон ја чини компанијата Southwest Airlines дополнителни 1,2 милиони долари за трошоците за гориво, а доколку секој би носел лаптоп, тоа би ги чинело 21, 6 милиони долари годишно.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе