Novitec е една од ретките тјунинг компании што добива пофалби и позитивни оценки за нејзините дела, што само дополнително ја крева цената за нејзините услуги.
Реномираниот тјунер го претстави пакетот N-Largo за Ferrari 812 Superfast. Автомобилот е дури 14 сантиметри поширок назад, а напред доби двојно „поскромни“ измени.
Атмосферскиот V12 мотор по дотерувањето доби дополнителни 40 КС или вкупно 840, а зголемен е и вртежниот момент од 718 на 751 Nm, што воопшто не е лошо за овој мотор.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,8 секунди, а максималната брзина изнесува 345 км/ч.
Уште да го чуете како „грми“: