Како Гвардиола ги подобрува неговите играчи

Врската помеѓу тренерот и фудбалерот има огромно влијание на играта која тимот ја прикажува на теренот, а нема поголем пример за тоа во фудбалскиот свет од односот помеѓу Пеп Гвардиола и неговите играчи, за кои се добива впечаток дека се подобруваат од ден на ден.

Според Пеп Гвардиола, најважниот квалитет кој мора да го поседува секој фудбалер е играта со топка, односно елементарната техника. Поради тоа, тој постојано работи на унапредување на овој дел од играта кај сите негови играчи, дури и голманите.

Можеби изгледа како застарен тренинг метод, но популарно нареченото „Рондо“ или според нашиот фудбалски речник - „шева“ е наједноставниот, но и најефективниот начин за подобрување на техниката кај фудбалерите.

Се работи за игра во која учествуваат повеќе фудбалери, од кои еден, или во случајот на екипите кои ги води Пеп – двајца, стојат во средина и се опкружени со играчи кои треба да си ја додадат топката меѓу себе. Задачата на фудбалерите во средина е да ја пресечат топката и да го прекинат додавањето, за да си обезбедат место во кругот и да добијат шанса да ги вежбаат додавањата.

Преку „Рондото“ се подобруваат повеќе аспекти од играта – брзи и прецизни додавања, координација со соиграчите, прием на топката, но и дефанзивни квалитети, како бркање на топката, учество во покривањето на простор и читање на намерите на противникот.

Гвардиола го наследи „Рондото“ од Јохан Кројф, кој го имплементираше во тренинзите на Барселона, но потоа Пеп успеа да го усоврши и да наметне некои негови филозофии кои им помагаат на неговите тимови да играат брз и атрактивен фудбал со неверојатна контрола над топката.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе