Ракомет
ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Како Хрватите го славеа враќањето од „минус пет“ за победа над Германија?

19. јануари 2020 - 11:11 | МИА/КАЈГАНА

Голем исчекор кон полуфиналето на Европското ракометно првенство направи репрезентацијата на Хрватска која вчера ја совлада Германија со 25:24.

Хрватите го добија дербито на 2.коло во Групата 1, иако Германците во неколку наврати водеа и со пет голови разлика.

„Коцкестите“ водеа само во почетните минути со 1:0 и 2:1 и во самиот финиш со победничкиот гол на поранешниот вардарец Игор Карачиќ за конечни 25:24.

На Twitter профилот на ЕХФ беше објавено видео од соблекувалната на Хрватите на кое се гледа како ја прославија оваа неверојатна победа:

На другите две средби од втората рунда во оваа група:

Белорусија – Чешка 28:25

Шпанија – Австрија 30:26.

Табела Група 1: Шпанија 6 бода, Хрватска 6, Германија 2, Австрија 2, Белорусија 2, Чешка 0.

Коментирај