Кинескиот гигант Huawei одлучи да им наплати на компаниите како Apple одреден надоместок за пристап до „ризницата“ на неговите безжични 5G патенти.
Сè уште треба да се преговара за конкретните цени што ќе ги плаќаат Apple и Samsung но исто така и за „вкрстеното лиценцирање“ со овие брендови, изјави правниот директор на Huawei, Сонг Лиупинг.
Тој вели дека Huawei ќе наплаќа помалку од Qualcomm, Ericsson и Nokia за пристап до нивните 5G патенти, со што се обидува да „ги премости обидите на САД да го скршат нивниот синџир на снабдување“.
За периодот од 2019 до 2021 година, Huawei би требало да собере сума од 1,2 до 1,3 милијарди долари.
Со овој потег, најпрофитабилната кинеска технолошка компанија сака да остане во чекор со другите гиганти во сѐ побрзото поврзување на паметни автомобили, куќи и други високи технологии.
Сега, кога станаа одлични и во 5G сегментот, тие имаат јасна цел - да ги заобиколат санкциите на САД на најдобар можен начин.