Како Исланѓаните користат вода и термални извори за да го зачуваат здравјето

Водата носи многу придобивки за организмот, а е составен дел од културата на Исланѓаните кои редовно практикуваат седење во термални извори. Оваа практика има и научна основа, а магазинот Healthline ги издвои придобивките што ги носи на телото.

Исланд редовно е на врвот на листата на најздрави и најсреќни земји, а индексот на Организацијата за економска соработка и развој го рангира како второ најсреќно население во светот.

Индексот за здравје на Bloomberg го рангира Исланд како втора најздрава земја во светот, а според Healthline, тешко е таму да се најде некој кој генерално е незадоволен од својот живот. Тие имаат тенденција да бидат позитивни и се претежно фит и активни.

За што делумно можат да ѝ се заблагодарат на водата која, велат, за Исланѓаните е природен дел речиси секој ден.

Д-р Кристоф Лајхт, виш предавач по физиологија на вежбање на Универзитетот Лафборо во Обединетото Кралство, почнал да ја истражува водата како лек по посетата на еден факултет во Јапонија, каде што, како и во Исланд, се чини дека терапијата со вода е насекаде.

Во истражување од 2018 година, Лајхт и тимот откриле дека дури и пасивното потопување во топла вода може да доведе до здравствени придобивки како што се подобрена васкуларна функција, справување со тежината и подобра чувствителност на инсулин.

Истражувачите, исто така, заклучиле дека подобрувања во менталното здравје може да се добијат и со редовна посета на бања.

„Откривме дека психолошките нарушувања се поретки кај оние кои почесто се капат“, изјави Лајхт за Healthline. „Квалитетот на сонот исто така е подобрен“.

Лајхт рече дека веруваат дека ефектот врз протокот на крв е причината за тоа: „Кога сте во топла вода, вашите крвни садови се отвораат. Тоа го тера вашето срце да работи малку понапорно, зголемувајќи го адреналинот“.

Тој објасни дека тоа може да се спореди со брзањето што може да го почувствува и доживее некој што трча или вежба на други начини. Се забележува и намалување на воспалението кое е фактор за хронични заболувања.

Потопувањето во топла вода долго време се користи за борба против состојби на кожата, а преку ова истражување, експертите идентификуваа други придобивки.

Дагни Пеутурсдотир, извршна директорка на најновата геотермална бања на Исланд „Sky Lagoon“ изјави за Healthline дека таа верува дека клучот за здравјето на Исланѓаните лежи во нивната вода.

„Исландските топли базени служат како форма на заедница стотици години. Луѓето се собираат во топлината за да се видат, дружат, разговараат и соработуваат. А, сите знаеме колку може да биде важно за нашата благосостојба да останеме поврзани со другите“, вели таа.

Remote video URL

Исланѓаните, исто така, имаат тенденција да јадат свежа, органска храна, како и да одат да вежбаат (пешачењето и скијањето се популарни).

Жителите на оваа земја особено често ги посетуваат бањите и користат хидромасажни кади во зима, нагласувајќи ги психолошките придобивки од водата кои можат да го поправат вашиот тмурен ден.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе