Вести

Како изгледа Crew Dragon по слетувањето во Атлантскиот Океан?

14. март 2019 - 15:29 | Б.С.Б.

SpaceX објави фотографија од извлекувањето на Crew Dragon по слетувањето во Атлантскиот Океан. Капсулата веќе не изгледа така убаво како по лансирањето и спојувањето со Меѓународната вселенска станица, бидејќи влегувањето во атмосферата на Земјата при брзина од 27.358 километри на час го направи своето.

SpaceX го споредува Crew Dragon со маршмелоу, но тие изгоретини од надворешната страна не се страшна работа доколку внатрешноста остане студена и безбедна. А, тоа ќе го открие куклата Рипли која седеше во кабината опремена со сензори кои ја имитираат човечката физиологија.

Ако нејзините „органи“ покажат дека телото останало читаво и здраво, SpaceX од NASA ќе добие зелено светло за лансирање на првите астронаути.

Коментирај