Како изгледа денес детективот Мозер од Kommissar Rex?

Австрискиот актер Тобиас Морети на нашите простори е познат по улогата во култната крими серија „Kommissar Rex“, во која 4 години го глумеше детективот Рихард Мозер.

Како прв сопственик на познатиот германски овчар, Морети освои најмногу симпатии кај публиката, а серијата ја напушти затоа што сакаше да работи на нови ангажмани. Ова се покажа како лоша одлука, бидејќи ниту една од неговите подоцнежни улоги не успеа да ја надмине онаа на детективот Мозер.

Морети завршил студии за композиција на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, а земал часови по глума во школата „Ото Фалкенберг“ во Минхен. Роден е како Тобиас Блоеб, а Морети е моминското презиме на мајка му, која има италијанско потекло. Тоа презиме го користи во актерската кариера.

Од 1997 година е во среќен брак со обоистката Јулија Вилхем, со која има 3 деца. Покрај актерството и музиката, тој и неговата сопруга водат семејна фарма во Инсбрук, каде што одгледуваат стока за месо и произведуваат органски производи. На 11 јули ќе полни 65 години.

Како изгледа Тобиас Морети денес и колку се промени откако го видовме како Рихард Мозер:

Серијата „Kommissar Rex“ прв пат се емитуваше пред 30 години, а ги освои симпатиите и на возрасните и на децата поради главниот лик на кој ретко кој останува имун. Во Македонија се емитуваше на поранешната А1 како „Комесарот Рекс“ на германски јазик со превод на македонски.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Read more

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Read more

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Read more
 

Сцена

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Читај повеќе

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Читај повеќе
  • filter

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе