Филм & ТВ

Како изгледа денес Надја од легендарната сцена во „American Pie“?

17. јули 2017 - 20:53 | А.С.

Шенон Елизабет ја памтиме по улогата на Надја, убавицата од првиот дел на тинејџерската комедија „American Pie“. Нејзиниот лик беше средношколка дојдена на размена во Америка во која ќе се затреска главниот лик.

Таа се занимавала со тенис и фотомоделство пред да почне да глуми. Најзапаметена ќе остане по оваа легендарна сцена:

А подоцна имаше уште една улога во филмот „Scary Movie“. Потоа се откажа од актерството и најде нова страст: покер. Важи за една од највештите ѕвезди во оваа игра: освојуваше турнири од 2006 до 2010 година, но од 2013 почна сѐ помалку да се занимава со тоа.

Се посвети на ТВ проекти и ја водеше емисијата „Live nude comedy“.

Денес е посветена на борба за заштита на правата на животните, се грижи за напуштени миленичиња, а најнов проект ѝ е спасување на загрозени носорози.

Уште изгледа прекрасно и е во врска со Расел Симонс, хипхоп продуцент кој е посветен на вегански начин на живот исто како неа.

Коментирај