Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Улогата во Top Gun со Том Круз ја лансираше меѓу најголемите холивудски ѕвезди, а актерката Кели Мекгилис денес е речиси непрепознатлива.

Во раните 80-ти таа глумеше во филмовите Ruben, Ruben и The Witness, но ништо не може да се спореди со славата што следеше по нејзиното појавување како Шарлот Чарли Блеквуд во Top Gun.

Кели Мекгилис денес има 66 години и ретко ја гледаме во јавноста, најмногу на папарацо фотографии, а не глумеше ниту во продолжението на нејзиниот најголем хит.

Не добила ниту покана за филмот Top Gun: Maverick. Како што објаснила, верува дека повеќе „не се вклопува во строгите холивудски стандарди за убавина“.

„О, Боже, не! Не ми се јавија и мислам дека немаше да играм. Стара сум и дебела, изгледам во склад со моите години, а на естрадата не ѝ е гајле за тоа. Повеќе сакам да се чувствувам безбедно во своја кожа и во врска со тоа која сум на овие години, наместо да ги вреднувам сите тие други работи.“, изјавила таа.

Ја обожаваа и публиката и критиката, а беше номинирана за Златен глобус и БАФТА, по што глумеше во филмовите The Babe, Winter People, North и At First Sight.

Таа ја играше главната женска улога во филмот што ги воодушеви генерациите во тинејџерските години и младите во оние возбудливи 80-ти, кога, исто како и во музиката, филмската индустрија произведе безброј иконски филмови кои сè уште ги обожаваме денес.

Сепак, улогите со текот на годините беа се помалку и помалку, а последен пат ја видовме во серијата Dirty John во 2020 година, каде се појави само во една епизода.

Remote video URL
реклама

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Филм & ТВ

Прв трејлер за серијата Women in Blue – приказната за првите жени во мексиканската полиција

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Read more

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв трејлер за серијата Women in Blue – приказната за првите жени во мексиканската полиција

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Читај повеќе

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Romulus, седмиот филм од Alien

Читај повеќе
  • filter

Анистон снимена во јавност по посетата на пластичен хирург: Промените се очигледни

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Читај повеќе