Компанијата Road Show International го тјунираше теренецот Purosangue на Ferrari во САД и го додаде на своите други „храбри“ проекти реализирани неодамна.
Purosangue е обоен во интересна темно бургундска боја, која во зависност од аголот на гледање изгледа црна, но под директна светлина открива длабоко црвено/виолетово треперење.
Автомобилот има комплет Forgiato бандажи со повеќе краци од 24 инчи, кои се хромирани и ги „кријат“ жолтите клешти на сопирачките. Иако овие бандажи можеби не се изборот на повеќето, мора да се признае дека тие навистина го истакнуваат супер теренецот.
Road Show направи уште неколку измени, предните и задните светла се затемнети, како и прозорците и шофершајбната. Суспензијата е „спуштена“ за 10 мм, а каросеријата сега има керамичка обвивка за да се осигура дека ќе изгледа добро во наредните години.
Иако надворешноста може да предизвика поделени мислења, внатрешноста е особено убава. Темнокафена кожа ги краси седиштата, стропот, централната конзола и панелите на вратите, додека црвените облоги и металните делови создаваат контраст. На контролната табла има многу карбонски детали и црна кожа.
Purosangue е дефинитивно еден од најатрактивните теренци на пазарот. Го придвижува 6,5-литарски атмосферски V12 мотор, кој развива 725 КС.