Како изгледа и колку чини најскапиот нов автомобил на сите времиња?

Суперексклузивниот Rolls-Royce Boat Tail чини неверојатни 20 милиони фунти (околу 23,3 милиони евра), што е значително повеќе од кој било нов автомобил во историјата.

Познато е дека Rolls-Royce прави некои од најскапите автомобили на денешницата, но најновиот модел на Гудвуд далеку ги надминува сите други по цена.

Создаден како омаж кон истоимените автомобили Rolls-Royce од третата и четвртата деценија на 20 век, Boat Tail ја продолжува традицијата на рачно изработени уникатни модели, како што е уникатното купе Sweptail 2017, кое чинеше 10 милиони фунти.

Кога станува збор за моделот Boat Tail, Rolls-Royce направи само три примероци, а пред вас е првиот од нив.

Цената на овие суперексклузивни кабриолети е дури 20 милиони фунти, а секоја од нив е направена според желбите и спецификациите на клиентите.

Remote video URL

Rolls-Royce Boat Tail се базира на седанот Phantom, а должината на возилото е импресивни 5.800 mm.

За разлика од алуминиумската основа што се произведува сериски, секој од трите автомобили има рачно изработена каросерија, додека сите други надворешни елементи, како што се светлосните групи, се исто така уникатни.

Задниот дел од автомобилот, како што сугерира името на моделот, е моделиран според моторните чамци од некои минати времиња, што му дава на возилото потребната доза на ретро изглед.

Капаците направени од дрво се отвораат нагоре, откривајќи преграда во која има два мини-фрижидери со шишиња за шампањ и комплет чаши. Последниот дел крие чадор што се преклопува, како и две маси за пикник во природа.

Под хаубата на таквото импозантно возило мора да има импресивен мотор.

Погонскиот агрегат е преземен и од Phantom, а станува збор за 6,75-литарски V12 со 571 КС (420 kW) и 900 Nm. Силата се пренесува на тркалата преку 8-степен автоматски менувач.

Remote video URL

За да го видите овој убавец во детали, погледнете ја ГАЛЕРИЈАТА.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе