Фит

Како изгледа исхраната на светски првак во бодибилдинг?

5. март 2019 - 15:40 | Б.С.Б.

Ако сакате да знаете што е потребно за изгледот со кој можат да се пофалат бодибилдерите, одговорот е многу јаглехидрати и протеини.

Од што се состојат оброци на Кваме Дуах? Од намирници богати со протеини, тој јаде јајца, риба, говедско месо, мисиркино и пилешки прсти. Здрави масти внесува преку авокадо, јаткасти плодови и семиња. Јаглехидрати внесува со консумација на ориз, сладок компир, интегрални тестенини, киноа и овес.

Тој е светски првак во бодибилдинг со диплома од нутриционизмот, а своето знаење го применува во секојдневната подготовка на оброците. На врвот на неговата исхрана се наоѓаат јаглехидратите и протеините на кои им ја должи мускулната маса.

„Важно е на телото да му обезбедите состојки кои играат клучна улога во целокупното здравје, изградба на мускули, слабеење и сила. Мојата дневна рутина вклучува здрава храна како зелен чај, јаболков оцет и вода со лимон“, вели тој.

„Ако морам да ослабам, тогаш се фокусирам на намирници кои подолго време ќе ме одржат сит. Еден таков пример е лубеницата“, додава тој.

Коментирај