Компанијата Tesla на Twitter објави видео во кое може да видиме како од прилика изгледа изработката на новата батерија 4680.
Во едноминутниот видео прилог е прикажан процесот на производство во повеќе фази, со помош на роботи.
Според компанијата, батеријата 4680 ќе биде шест пати посилна од актуелната технологија и ќе го зголеми дометот на возилата за 16%.
„Инженерите на Tesla потрошија многу време и енергија во изработката на новиот концепт. Не само што ќе донесе подобрување за возилата, туку и производството е поедноставно и бара помалку делови“, откри Маск.