Како изгледа кружен тек на дното на Атлантскиот Океан?
Завршени се градежните работи на првиот подводен кружен тек изграден на дното на Атлантскиот океан. За неколку седмици ќе биде отворен за сообраќај.
Тунелот поврзува два од осумнаесетте Фарски острови и е вистинско архитектонско чудо. За уредба на овој кружен тек е заслужен фарскиот уметник Трондур Патурсон.
Најниската точка на тунелот е 189 метри под морето и ќе ја намали оддалеченоста меѓу двата острови од 55 на 17 км, со што ќе се намали времето за возење од повеќе од еден час на само 16 минути.