Во фазата последни тестирања, Mini JCW GP ја помина стазата Nürburgring Nordschleife за помалку од осум минути.
Од британската автомобилска компанија под закрила на BMW не го објавија точното време за кое предпродукциската верзија на најмоќниот Mini досега ја помина легендарната германска стаза, но рекоа дека новиот JCW GP го „затворил“ кругот за помалку од осум минути, што е значително помало време од она што го оствари истоимениот претходник во 2013 година (8:23).
Новиот Mini John Cooper Works GP возеше под камуфлажна фолија, а веќе е познато дека ќе има дволитарски четирицилиндарски турбобензинец мотор што развива 300 коњски сили со најголем вртежен момент од 450 Nm. Исто така ќе има осмостепен автоматски менувач.
Се планира со производство и продажба да се почне следната година, а најверојатно ќе бидат произведени 3.000 примероци.