Архитектура

Како изгледа најлуксузниот хотел на светот?

19. август 2018 - 15:57 | А.С.

Руското летувалиште „Mriya Resort & Spa“ што се наоѓа во кримскиот град Јалта ја освои престижната награда на меѓународен конкурс за најлуксузен хотелски комплекс на светот.

Хотелскиот комплекс со 422 соби и приватна вила, се постира на површина од 270.000 метри квадратни. Отворен е во 2014 година.

Се наоѓа на јужното крајбрежје на Крим, во градот Јалта, а го дизајнираше славниот британски архитект Норман Фостер кој во своето портфолио ги има дизајните на Милениумскиот Мост во Лондон, кулата Херст во Њујорк и мадридскиот облакодер Торе Каха.

Рускиот хотел пред сѐ одушевува со својот изглед, но и со беспрекорната услуга што доби највисоки оцени на од организацијата World Travel Awards што му ја додели првата награда во кокуренција за најлуксузно одмаралиште.

Коментирај