Како изгледа наставата во време на пандемија?
Основните училишта во Данска се отворени веќе еден месец. Данска беше првата земја во Европа што повторно ги отвори училиштата по прогласувањето на пандемијата со COVID-19, откако соопшти дека успеала рано да се справи со епидемијата на својата територија. Во земјата досега се регистрирани помалку од 550 смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Децата ги мијат рацете секој час, играат во мали групи, сите се трудат да ги почитуваат мерките за заштита.
Како изгледа еден ден во основното училиште Lynghøj погледнете во прилогот на дописничката на BBC Џин Мекензи.