Американскиот милијардер Џеф Безос ја чека својата суперјахта која ќе биде најголема во светот и која ќе чини вртоглави 500 милиони долари.
Основачот на Amazon е сопственик на мегајахтата која моментално се изработува во Холандија. Се наоѓа на луксузното градилиште на бродови Океанико.
Јахтата е долга 127 метри, а ќе биде подготвена за испорака во 2022 година по завршување на тестирањето.
Безос сè уште јавно не потврди дека е сопственик на новата суперјахта, но Bloomberg во мај објавија дека го уплатил износот за јахтата.
Продажбата на јахти во САД во текот на пандемијата во 2020 година забележа најголем успех во последните 13 години.