Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Audi отвори нов центар посветен на безбедноста на автомобилите.

Центарот за безбедност на возила на Audi се наоѓа во базата на Audi во Инголштад, а од компанијата велат дека изградбата чинела околу 100 милиони евра. Станува збор за огромен комплекс во кој централната локација добива простор за изведување крeш-тестови.

Изградена е писта долга 250 метри за да се вршат креш-тестови, на кои т.н. „зона на судир“ со димензии 50 x 50 m. Опремата вклучува голем блок за судир со тежина од дури 100 тони кој може да се помести и ротира во согласност со пропозициите на тестовите. Постои и можност за изведување на судир на два автомобили под агол од 90 степени.

За да може да се провери безбедноста на сите патници, во тестовите ќе се користат 60 различни патнички модели, од 18-месечно дете до возрасен модел тежок 102 килограми. Софистицираните думи за тестирање THOR се опремени со 150 сензори, што овозможува детална анализа на последиците од несреќата и влијанието врз патниците.

Покрај целосно опремената област за тестирање, има и интегриран ИТ оддел каде се вршат симулации на судир. Од Audi велат дека пред секој креш-тест се вршат околу 60.000 пресметки за до 100 различни товари.

Зградата е со плански димензии 130 x 110 метри и е висока 20 метри, а во неа постојано ќе бидат вработени околу 100 вработени. Од Audi велат дека со отворање на нови капацитети нивните автомобили ќе станат уште побезбедни.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Авто новости

Се гради друмско чудовиште побрзо од модерната Формула 1

Read more

Porsche наводно тестира хибриден V4 на моделот 911

Read more

Како изгледа колекција автомобили вредна над 100 милиони долари?

Read more

Volkswagen наместо откази дели решенија за предвремена пензија

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Се гради друмско чудовиште побрзо од модерната Формула 1

Читај повеќе

Porsche наводно тестира хибриден V4 на моделот 911

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција автомобили вредна над 100 милиони долари?

Читај повеќе

Volkswagen наместо откази дели решенија за предвремена пензија

Читај повеќе

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mercedes има ново спортско купе: Дебитираше CLE 53

Читај повеќе

Dacia Duster не се откажува од моторите со внатрешно согорување

Читај повеќе

Првиот електричен автомобил на Xiaomi влезе во производство

Читај повеќе
  • play_arrow

Жената без која Mercedes каков што го знаеме немаше да постои

Читај повеќе