Авто новости
812 Superfast

Како изгледа новиот ѕвер на Ferrari во акција?

16. март 2017 - 12:23 | Д.П.

Ferrari 812 Superfast имаше светска премиера на саемот во Женева, а сега италијанската компанија објави видео кое покажува како изгледа автомобилот во акција.

Новиот модел доаѓа како наследник на моделот F12 berlinetta, а добива погон од моќниот V12 атмосферски мотор. Станува збор за 6,5 литарски агрегат кој произведува 800 коњски сили и има максимален вртежен момент од 718 Nm.

Силата се пренесува преку усовршениот 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, кој обезбедува збрзување од 0-100 за само 2,9 секунди. Максималната брзина е иста како и кај претходникот и изнесува 430 коњски сили.

Управувачкиот систем користи електричен серво уред, а дополнителна предност е можноста за управување на сите 4 тркала.

Погледнете како изгледа овој модел во акција.

 

Коментирај