Како изгледа поленот под микроскоп?

Кога е сезона на пролетни алергии поленот е честа тема на разговор за луѓето. Што го прави поленовиот прав толку исклучителен што цела наука му е посветена?

Полен од огнен крин

Терминот палинологија настанал во 1944 година и е комбинација од грчките глаголи παλύνω (растура или прска), παλύνειν (да растура или да прска), грчката именка παλε (прав) и е многу блиску до значењето на латинскиот збор pallen (ситно брашно, прав), и грчкита именка λόγος (збор, говор). Палинологијата е наука за полен, или поточно поленови зрна.

Што го прави поленовиот прав толку исклучителен што цела наука му е посветена? Дали фактот што зрната полен не се само едноставни делови од растенијата како што се, да речеме, лисјата, туку еден вид минијатурна копија на растенијата „како што ги гледаме во природата“? Или дека тие претставуваат машки полови клетки, аналогни на сперматозоидите кај животните, па некои ботаничари ги нарекуваат „скриена сексуалност на цвеќињата“? Дали фактот што, за разлика од сперматозоидите, тие до крајната дестинација треба да „патуваат“ низ надворешниот свет, притоа одилевајќи на бројни стресни фактори од околината? Или тоа што ветрот им помага на тој неизвесен пат, во зависност од дизајнот и карактеристиките на цвеќето, но и бројните животински видови: инсекти, птици, влекачи, полжави, па дури и некои цицачи?

Полен од јоргован

Причината за постоењето на посебна наука за поленот е тоа што поленовите зрна се карактеризираат со фантастични форми. Имено, ниту еден од стотиците илјади растителни видови нема полен со идентичен изглед. Покрај обликот, палинолозите земаат предвид и некои други карактеристики на поленот кога ги опишуваат зрната полен: големина, број, типови и позиции на отворите, како и карактеристичната површина на зрната со исклучително разновидна структура. За систематиката на растенијата, овие параметри не се помалку важни од која било друга морфолошка карактеристика на растенијата.

Полен од магдонос
Поленот низ историјата

Се верува дека Асирците биле запознаени со принципите на опрашување, но не е познато дали ја знаеле природата на самиот полен. Ниту Хелените, ниту Римјаните, ниту средновековните истражувачи до XVI век, не можеле да ја расветлат загадочната природа и структурата на поленовите зрна. Англискиот научник Нехемаја Гру бил прв кој го опишал идентитетот на формите на полен во рамките на ист вид во неговата книга „Anatomy of plants“ во 1662 година, со што ја воспоставил морфологијата на поленот, научно поле кое ги проучува формите на поленовите зрна. Овој ботаничар е и првиот научник кој забележал „дека секое растение има свој (карактеристичен) полен“.

Полен од сириски хибискус

Најголемиот систематист на живиот свет, Карл фон Лине, за прв пат го употребил зборот полен во 1751 година. Во текот на XVIII и XIX век е постигнат значителен напредок во истражувањето на поленот и полинацијата (опрашување). Во 1766 година Јозеф Конрад Келројтер, заедно со Кристијан Конрад Шпренгел, ги поставиле темелите на дисциплината на цветната екологија, нагласувајќи ја важноста на инсектите за опрашување на цвеќињата. Тогаш за прв пат било предложено дека поленовите зрна играат многу важна улога во одредувањето на карактеристиките на нивното „потомство“. Шпренгел прв забележал пори и бразди на површината на поленовите зрна.

Полен од лаванда

Чехот Јан Евангелиста Пуркиње и Австриецот Франц Андреас Бауер, меѓу другите, дале голем придонес во расветлувањето на мистериозната природа на поленот. Бауер е познат по неговите прецизни и автентични цртежи (од 1830 година) на зрна полен, кои сè уште се чуваат во Ботаничката библиотека на Природонаучниот музеј во Лондон. Долг е списокот на научници кои дале значаен придонес во оваа необична дисциплина во раниот период на развојот на палинологијата. Во првите децении на XX век, палинологијата се разгранила во многу применети специјализирани научни поддисциплини за полен: аеропалинологија, палеопалинологија, форензичка палинологија, фармакопалинологија и, најважно за пчеларството, мелисопалинологија, односно поленска анализа на медот.

Полен од тиквица

Употребата на електронскиот микроскоп го унапреди истражувањето на структурите и површинските облици на зрната полен, така што палинолозите сега имаат изобилство на исклучителни слики од полен. Палинологијата денес прерасна во незаменлива алатка на многу применети науки, но, од друга страна, е и една од основните научни дисциплини со најдинамичен развој во последните години. Морфологијата на поленовите зрна е истражувана само кај 10% од видовите, а тој процент е уште помал кога станува збор за истражување на анатомијата на поленот. Дали како помош за применетите науки или како основна наука, палинологијата, сметаат научниците, секако очекува брз развој во XXI век.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе