Како изгледа првата колекција на новиот македонски бренд Pink Lemonade?

Александра Спасеска
/ 26.05.2021 / 11:17

Петнасетина стилски изгледи за пролет и лето, зад чијшто дизајн стои нашата позната дизајнерка Стефанија Насеска, го сочинуваат првиот дел од колекцијата со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои. Раскошните кроеви само го надополнуваат сплетот на елементи, кои ќе бидат карактеристични за брендот и во иднина.

Pink Lemonade е името на новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за девојки и жени кои сакаат да изгледаат уникатно, смело и енергично. Првенче е колекцијата со симболичен наслов „Flamboyant Blossoms“, која ќе биде прикажана во два дела.

Првиот е веќе достапен за широката јавност, промовиран заедно со лансирањето на брендот Pink Lemonade на социјалните мрежи. Станува збор за петнаесетина стилски и колоритни изгледи за пролет и лето, кои несомнено ќе ги привлечат погледите на минувачите, но пред сѐ ќе создадат чувство на среќа, задоволство, сигурност и самодоверба кај клиентите.

„Целта ни е да се позиционираме на пазарот како бренд во кој можат да се пронајдат повеќе типови на жени со различна градба на телото, а притоа да бидат единствени, забележани и полни со самодоверба. За да се осигураме во уникатноста, но и за да го направиме брендот повпечатлив, како појдовна точка ги зедовме принтовите кои се цртаат и изработуваат специјално за нас, а воедно истите ги сметаме и за наш заштитен знак по кој во иднина ќе бидат препознатливи колекциите“, истакнува дизајнерката Стефанија Насеска.

Во чекор со светските тенденции за свесна и одржлива мода, заштитата на животната средина и грижата за вработените е од огромна важност и меѓу главните приоритети на брендот Pink Lemonade, што се отсликува и самиот процес на производство.

„Сите парчиња се дизајнирани и изработени исклучиво во Македонија со сопствено производство. Себеси се сметаме за едно семејство, кое полека но сигурно расте и се грижиме секој наш член-клиент да го добие заслужениот позитивен третман“, истакнува Насеска.

Заштитни лица на првиот дел од колекцијата „Flamboyant Blossoms“ се моделите Вања Петрушевска од модната агенција Подиум и Татјана Јанушева од Моделс Ин. За шминката е заслужна визажистката Марија Лазарова, додека фризурите се дело на Октај Сејди. Фотографиите за студискиот едиторијал ги изработи Антонио Станков. Вториот дел, подготвен со истата креативна екипа, ќе биде промовиран наскоро.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе