Компанијата OnePlus денеска, заедно со новите смартфони, ќе претстави и паметен часовник.
Се работи за првиот паметен часовник под назив OnePlus Watch, кој доби официјален тизер кој го откри неговиот изглед.
На фотографија часовникот има црна позадина, а од десната страна има две копчиња. Претходните тизери наговестуваат дека уредот нема да користи Google Wear OS оперативен систем.
Часовникот е отпорен на вода и прашина по IP68 стандардот, а ќе биде достапен во црна и сребрена боја.
ОnePlus Watch ќе чини околу 150 евра.