Авто новости

Како изгледа судир помеѓу Toyota Corolla од 1998 и 2015 година?

24. мај 2018 - 14:48 | К.З.

Кога се работи за купување на првиот автомобил, голем дел од луѓето сметаат дека е најдобро да купат старо, половно возило бидејќи тоа е поевтино и нема потреба толку многу да внимаваат на него. Но откако ќе го изгледаат ова видео веројатно ќе го сменат мислењето.

На четвртото издание на Светската недела за безбедност на патишта, организирано од Обединетите нации, австралиско-новозеландската програма за проценка на автомобили (ANCAP) направи тестирање на два модели на Toyota Corolla, едниот од 1998, а другиот од 2015 година.

Целта на тестот беше да се докаже дали постарите автомобили се посигурни во случај на сообраќајна несреќа и судир, или пак модерните технологии на новите модели додаваат дополнителна безбедност на автомобилот. Резултатот воопшто не е изненадувачки.

Поентата на тестот, велат од ANCAP, беше да се докаже дека половните автомобили не се најдобар избор, посебно ако размислувате да му купите некој од нив на вашето дете. Тие се небезбедни и можат да направат повеќе штета отколку добро.

Моделот на Toyota Corolla од 1998 година нема ниту воздушни перничиња, што веќе со години е стандардна опрема на сите автомобили. Поради тоа тој забележа вкупно 0,40 бодови од вкупно 16, со што не ја заслужи ни првата ѕвезда на тестовите за безбедност. Од друга страна, Toyota Corolla од 2015 година доби 12,93 од вкупно 16 бодови и забележа една од највисоките оцени на тестот на безбедност, со што ги заслужи сите пет ѕвезди.

„Тажно е да се видат најризичните возачи – тинејџерите и старите лица – во најризичните возила на улиците. Се надевам дека овој тест ќе започне разговор со кој возачите бидат поттикнати да размислат за безбедноста на нивниот автомобил“, вели Џејмс Гудвин, извршниот директор на ANCAP.

Коментирај