Како изгледа трпезата на Владимир Путин?

И луѓето кои се на чело на светските велесили уживаат во добра храна. Некои и внимаваат. Што јаде еден од најмоќните луѓе на светот?

Често слушаме за тоа што светските лидери имале на трпезата за време на некоја свеченост, кога имаат прием на гости, на конференции или кога одат некому во посета.

Но, што јадат секој ден? По одговорот на ова прашање трагаат куп светски медиуми, а еден од најинтересните е секако претседателот на Русија, Владимир Путин.

Рускиот лидер многу внимава што јаде и за него велат дека ужива во руската кујна и ретко се гости со интернационални специјалитети.

Руската исхрана се заснова на чорби, супи, готвени јадења од скромни намирници, се јадат доста здрави состојки како што се туршија и лук. Цвеклото и компирот, одлични извори на железо и витамин Ц, практично се неизбежни во руската исхрана.

Путин обожава житарки и мед, најчесто појадува овесна каша, или каша од хељда, со просо како додаток плус алтајски мед. Редовно јаде омлет со младо сирење, а сака и јајца од потполошка.

„Путин често го бира зеленчукот пред овошјето, а интересно е и што дури и одбира сокови од зеленчук кои се прави витамински бомби. Можам да заклучам дека исхраната на овој светски лидер е навистина здрава и добро избалансирана“, вели нутриционистот Јована Срејиќ Ферлуга за Здравље и тањуру, додатокот на Политика.

Путин редовно консумира домати, кои се одличен извор на ликопени, потоа краставица, а секогаш би одбрал риба пред месо. Од месо, најмногу сака јагнешко, додека према слатките е рамнодушен, освен со еден исклучок - обожава сладолед.

Тој најчесто не руча бидејќи нема време, но затоа вечерата му е време за уживање и тоа во млечни производи, особено кефир. Неговата исхрана во главно може да се дефинира како медитеранска. Избегава претерано преработени производи, како и алкохол. Повремено пие вино или пиво, никогаш кафе бидејќи се расонува со зелен чај. Помеѓу омилените пијалаци му е оној од цвекло и малку рен.

„Често на неговото мени се цели житарки. Ваквите каши го продолжуваат чувството на ситост и го стабилизираат нивото на шеќер во крв. Тие се и одличен извор на витамин Б и бројни минерали, а содржат и диетални влакна. Путин може и да го прескокне ручекот затоа што кашите му даваат чувство на ситост“, објаснува Срејиќ Ферлуга.

„Пие кефир, омилениот киселомлечен производ во Русија, а бидејќи претпочита риба место месо, обезбедува доволен внес на омега-3 масни киселини. Внесот на лесни протеини го балансира со јагнешко и така си обезбедува доволно количество на железо“, додава српската нутриционистка.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе