Како изгледа враќањето во нормала низ светот?
По неколкуте месеци во изолација и карантин светот почнува полека да се враќа во нормала. Повеќето европски земји како Германија, Финска, Австрија, Италија, Словенија, Грција и други почнаа да ги олабавуваат строгите рестриктивни мерки, но некои здравствени препораки изгледа ќе останат уште некое време.
Носењето маски и визири, употребата на дезинфекциони средства, социјалната дистанца, вршењето дезинфекција на работните простории ќе остане и во следниот период. Bored Panda објави фотографии од различни земји во кои гледаме како изгледа новото нормално. Така, во Кина гледаме како изгледа секојдневието на децата кои одат на училиште, како се врши дезинфекција на нивната облека и како робот им ја мери телесната температура. Од други фотографии гледаме како кафулињата и рестораните низ светот се придружуваат на препораките за социјална дистанца.