Како изгледаат денес актерите од „50 First Dates“?

Во 2004 година публиката се вљуби во романтичната комедија „50 First Dates“. Една од работите кои предизвикаа најголемо восхитување е упорноста на Хенри повторно и повторно да ја освојува Луси, смислувајќи нови начини.

Се сеќавате на Луси (Дру Баримор), која секое утро се буди верувајќи дека е 13 октомври 2002 година бидејќи страда од амнезија добиена по автомобилска несреќа. Сепак, Хенри не се откажува и секој ден за неа го прави уникатен, правејќи таа одново да се вљуби во него, и покрај фактот што таа не се сеќава на него следниот ден.

Со оглед на тоа што минаа 16 години од филмот, Bright Side направи мала ретроспектива како изгледаат денес дел од актерите во оваа романтична комедија.

1. Адам Сендлер како Хенри

Овој актер е дел од бројни холивудски комедии кои ќе ве расплачат и насмеат истовремено. Во текот на кариерата Сендлер има работено како продуцент, сценарист и актер. На 53-годишна возраст актерот изгледа одлично.

2. Дру Баримор како Луси

Актерка е уште од дете, а најмногу е позната по улогите во романтични комедии. Исто како и Сендлер и Баримор има талент како режисер, продуцент и фотограф. На Instagram ја следат над 13 милиони обожаватели, а таа на социјалната мрежа објавува фотографии од приватниот живот на многу природен начин.

3. Роб Шнајдер како Ула

Роб Шнајдер денес има 56 години, а кариерата како комичар ја гради уште од средношколските денови. Познат е по хумористичните улоги кои ги игра. Негов последен проект е „The Wrong Missy“, американска комедија која премиерно беше прикажана на 13 мај годинава.

4. Шон Остин како Даглас

49-годишниот Остин има долга актерска кариера зад себе, неговата прва улога е во 1981 година во „Please Don’t Hit Me, Mom“ и оттогаш нема застанато. Една од неговите најважни улоги е во трилогијата „The Lord of the Rings“ во која го толкуваше ликот на Сем.

5. Ден Ејкројд како д-р Китс

67-годишниот канадски писател, актер, пејач и сценарист е познат по многу улоги. Негов последен проект е долгоочекуваниот „Ghostbusters: Afterlife“ чија премиера е закажана за во март, 2021 година.

6. Лусија Страс како Алекса

50-годишната Лусија е родена во Чикаго, а има украинско потекло. Нејзината кариера е успешна комбинација од театар и филм веќе две децении. Најпрепознатлива е сепак по улогата на ексцентричниот помошник на Хенри во „50 First Dates“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе