Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

На овие рендгенски снимки се прикажани бели дробови на двајца пациенти - и двајцата заразени со коронавирус. Едниот беше вакциниран, а другиот не.

„Само невакцинираните се разболуваат од тешка форма на болеста. Тие често имаат потреба од кислород или им треба респиратор. Вакцинираните пациенти инфицирани со коронавирус имаат подобар проток на воздух во нивните бели дробови и повеќето од нивните бели дробови се обоени во црно на овие слики, што значи мало или никакво оштетување на белите дробови“, изјави д-р Сем Дурани за Mirror, каде беа објавени снимките.

Кај невакцинирана личност, се гледа дека белите дробови се доста оштетени и протокот на воздух е ограничен.

Ризикот од смрт е 11 пати поголем доколку лицето не е вакцинирано

„Ако се заразите и сте вакцинирани, најверојатно ќе развиете поблага форма на болеста“, рече Дурани, додавајќи дека вакцините делуваат.

Вакцините биле успешни во спречувањето на сериозни болести и смрт кај повеќето луѓе кои се инфицирале со COVID-19, но сепак нема да делуваат кај сите.

Некои примиле две дози, но сепак ќе завршат во болница. И покрај тоа, тие ќе имаат значително подобра состојба на белите дробови во споредба со оние без вакцинска заштита.

Податоците на американскиот CDC покажуваат дека ризикот од смрт од коронавирус е 11 пати поголем кај невакцинирано возрасно лице во споредба со лице кое е вакцинирано.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе