Снег, мраз и многу повеќе копно - вака изгледал Стариот континент за време на последното Ледено доба.
Последното Ледено доба завршила помеѓу 15.000 и 10.000 години пред новата ера. Тогаш мразот на двата пола бил многу, многу поголем отколку што е денес, а водата која била замрзната таму, наместо да е во океаните, придонела континентите да имаат многу поголемо копно. Во тоа време нивото на светскиот океан била со 120-135 метри пониско од современото ниво поради тоа што голем дел од водата од хидросферата била во форма на ледени покривки со дебелина 3-4 километри.
Картата на Европа за време на овој геолошки период изгледала значително поинаку, токму поради намаленото ниво на светските океани. На пример, не постоеле Британските Острови бидејќи не постоел Ламанш да ги двои од Европа. Сицилија била споена во Италија, а добар дел од Егејското Море бил копно.
Ледената покривка од Арктикот допирала до Централна Полска, ги покривала целосно Скандинавија, Финска, Балтикот, како и поголемиот дел од Ирска, Велика Британија, Данска и Белорусија, и нормално, дел од Русија.
Црното Море било многу помало, Крим не бил остров, Кипар и Крит биле значително поголеми, а Тунис речиси бил споен со Сицилија.
Интересно, Гибралтарскиот Проток постоел и тогаш, благодарение на длабочината на водите во овој дел. Иако многу поголемо копно имале и Европа и Африка, сепак биле раздвоени кај овој познат теснец.
По завршувањето на Леденото доба мразот значително се намалил топејќи се, а водата ги поплавила ниските крајбрежни копна по што континентите го добиле денешниот лик.