Како изгледале списоците со задачи на Леонардо да Винчи?

Леонардо да Винчи го исполнувал секој милиметар од своите листови, меѓу цртежите, ставајчи разни белешки.

Во времето кога пред околу 500 години живеел ренесансниот уметник Леонардо да Винчи, хартијата била прилично скапа. Затоа, користејќи ги своите бележници, секој милиметар од листовите меѓу сите тие цртежи го пополнувал со разни белешки.

Така, на 13.000 страници од белешките на Леонардо, меѓу цртежите што левитираат помеѓу уметноста и науката, во кои тој објаснува како природата функционира и дизајнира различни иновативни уреди, може да се најдат не само големи откритија, туку и, на пример, список на луѓе кои должат му пари или списоци со намирници за пазарење, пишува Science through Stories.

Леонардо многу ги сакал списоците. Денеска најинтересни се оние со работите кои планира да ги направи. Во својата книгата за Леонардо да Винчи, Волтер Ијзаксон наведува листа од последната деценија на 15 век во Милано, која содржи сѐ што Леонардо сакал да научи тој ден.

На списокот меѓу другото стои:

- Мерење на Милано и неговите предградија.

- На го нацртам Милано.

- Да најдам аритметички мајстор за да ми покаже како да ја измерам квадратурата на триаголник.

- Да го прашам артилерецот Џани како е соѕидана кулата во Ферара.

- Да го прашам Бенедето Протинари како во Фландрија одат по мраз.

- Да најдам мајстор за хидраулика да ми каже како да ги поправам спроводникот, каналот и воденицата на начин каков што се применува во Ломбардија.

- Да дојдам до мерките на Сонцето за што ми вети Џовани Франчезе.

Пет века подоцна, кога целото наше знаење е достапно со неколку кликови, оваа листа на задачи во најмала рака изгледа како повеќемесечен напор. Се чини дека списоците на толку разновидни и сложени работи што го интересирале може да зборуваат уште повеќе за генијалноста на Леонардо отколку за делата што тој ги создал.

Еве уште неколку списоци на делата на Леонардо кои Ајзаксон ги издвоил:

- Да го набљудувам гускиното стапало: доколку е постојано отворено или постојано затворено, тоа суштество не би можело да се движи на кој било начин.

- Зошто небото е сино?

- Зошто рибата во вода е побрза од птицата во воздухот кога би требало да биде спротивно, имајќи предвид дека водата е потешка и погуста од воздухот?

- Да го опишам јазикот на клукајдрвецот.

- Да одам во тоалет секоја сабота каде ќе видам голи мажи.

- Да надувам свински бели дробови и да посматрам дали им се зголемува ширината и должината, или само ширината.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе