Како изгледале знамињата на етничките малцинства во Југославија?

Заедниците на етничките малцинства кои живееле на просторите на поранешна Југославија во одреден период добиле право да користат сопствено знаме кое било комбинација на знамето на нивната матична земја со ова на Југославија.

Шесте републики кои ја сочинувале Југославија имале свое републичко знаме, додека автономните покраини Војводина и Косово и Метохија немале. Албанците кои живееле на Космет од 1968 година почнале да користат малку изменето знаме на Албанија за свое етничко знаме. Нивниот пример почнале да го следат и останатите малцинтсва, а од 1985 година сите малцинства добиле право на свое знаме, а задолжително било додавањето на југословенската петокрака.

Знамето на југословенските Албанци било многу слично на денешното знаме на Албанија и доста различно од тогашното државно знаме. Црвената боја била многу посветла, двоглавиот орел бил нешто помал, над него петокраката на Енвер Хоџа била тргната, но од лево била ставена онаа југословенската.

Знамето на југословенските Бугари ги имало истите бои како на државното бугарско знаме, но без грбот во горниот лев агол. Затоа, на средината по принципот на југословенското знаме се наоѓала петокраката.

Знамето на југословенските Германци било идентично како она на Западна Германија (и Германија денес), со додадена југословенската петокрака.

Знамето на југословенските Италијанци било идентично како она на Италија, но со петокраката на средината.

Знамето на југословенските Полјаци било исто така едноставно, исто како она на Полска со додадена југословенска петокрака на средината,

Знамето на југословенските Романци било како државното знаме на Романија, во малку поинаков формат и со таа разлика што на средината наместо државниот грб се наоѓала, нормално, југословенската петокрака.

Југословенските Рутени и Украинци користеле исто знаме. Тоа било знамето на Украина пред нејзиното освојување од комунистите во 1921 година, се разбира, со југословенската петокрака. За време на СССР, Украина користела сосема различно знаме. По независноста, до денес, Украина користи вакво знаме (без петокрака).

Југословенските Словаци и Руси користеле исто знаме. Било според боите на Словачка и Русија, двете тогаш во состав на Чехословачка и СССР. Руското знаме под СССР било многу различно, а малцинството во Југославија го користело она на царска Русија пред Октомвриската револуција, кое и денес е државно знаме на Русија. Интересно, овие две заедници всушност користеле исто знаме како СР Словенија.

Знамето на југословенските Унгарци било многу слично како она на Унгарија, со таа разлика што црвената и зелената боја биле посветли. Нормално, на средина била југословенската петокрака.

Знамето на југословенските Чеси било едноставно: истото како на Чехословачка, само со мала петократа во горниот централен дел.

Југословенските Турци имале две знамиња. Едното било исто како на Турција со голема југословенска петокрака во горниот лев агол, а другото било без ѕвезда, само со полумесечина и поставена малку на десно.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе