Свет

Како изгледаше Доналд Трамп пред 38 години?

14. јуни 2018 - 11:24 | М.Д.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој е најстариот кандидат избран по прв пат во Белата куќа, денеска наполни 72 години.

Со 70 години Трамп во 2016 година стана најстарата личност за прв пат избрана за претседател на САД.

Роналд Реган имаше 73 години кога беше избран во 1984 година, но тоа беше неговиот втор мандат.

Белата куќа досега нема објавено на кој начин претседателот ќе го одбележи роденденот, но неговата програма за во четврток не укажува на никаков јавен настан.

Роденденската торта Трамп ја доби во понеделникот, ден пред историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Со торта го изненади премиерот на Сингапур, а фотографијата со тортата и реченицата „Славиме роденден, малку порано“, беше објавена на социјалните мрежи.

Интересно е дека Трамп од секогаш не сакал да биде претседател на САД.

Така, во едно интервју, тогаш 34-годишниот бизнисмен, изјави дека таквиот живот не е за него.

Во прилог погледнете како изгледаше Доналд Трамп пред 38 години:

Коментирај