Како изгледаше првиот тренинг на Реал Мадрид со Зидан?

Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид по 284 дена.

По низата лоши резултати, исфрлањето од Лигата на шампиони, Купот на кралот и трката за прваци на Шпанија, Реал западна во голема криза.

Тоа на свој грб најдобро го почувствува Сантијаго Солари кој во понеделникот беше разрешен од должноста тренер, а на негово место се врати легендарниот Французин.

Зидан денеска го одржа првиот тренинг со играчите и една работа на сите им беше заедничка: насмевката на лицата. За разлика од изминативе месеци, речиси сите играчи на Реал тренираа со насмевка на лицето и во видно добро расположение.

Францускиот стручњак се сретна со многу познати лица, но и со неколку непознати. Зидан учествуваше во тренингот, што не е ново и невообичаено за него, но беше за помладите играчи кои го гледаа со одушевување.

Реал до крајот на сезоната има 11 натпревари за играње и сите се во рамки на шпанското првенство. Прв на распоредот е натпреварот во сабота кога на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓаат Селта Виго.

Интересно е што токму овој клуб беше последниот противник на Зидан во неговиот прв мандат. Тогаш Реал славеше со 6:0, а неколку дена подоцна „Мадриѓаните“ ја освоија Лигата на шампиони, а Зидан потоа си замина од клупата.

На првиот тренинг Зидан ги немаше на располагање повредените Винисиус, Васкез и Карвахал , а неговите миленици Лука Модриќ, Марсело, Карим Бензема и Серхио Рамос присуствуваа на собирот со старо-новиот тренер.

реклама

Фудбал

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе