Новите истражувања покажаа дека јогата и медитацијата може да направат „пресврт“ на несаканите молекуларни реакции во ДНК структурата што се поврзани со влошеното здравје и депресијата.

Истражувањето во кое британски научници анализираа наоди од 18 претходно објавени истражувања во кои во текот на 11 години биле опфатени 864 испитаници, беше објавено во журналот Frontiers in Immunology.
Тие открија шема на промени што се случуваат во организмот на луѓето кои практикуваат јога и медитација, што придонесуваат за душевното и физичкото здравје.
Научниците објаснуваат дека кај луѓето изложени на стрес се активира симпатичкиот нервен систем што го зголемува „производството“ на молекулот NF-kB што го регулира изразувањето на генот.
Тој предизвикува стрест активирајќи ги гените што произведуваат цитокини и предизвикуваат воспаление на клеточно ниво, што доведува до депресија.
Тие нагласуваат дека воспалението повремено може да го активира имуниот систем и да биде заштита од инфекции и повреди, но дека во денешно време стресот е првенствео психолошки и воспалителната реакција на телото може да стане хронична и да го наруши психофизичкото здравје.
Тие открија дека луѓето кои редовно практикуваат јога и медитација имаат помалку знаци на воспаление. Истакнуваат дека околината и начинот на живот може да влијаат на тоа кои гени се активни, а кои не, како и кои имаат реално влијание врз ризикот од болести, врз долговечноста, па дури и врз тоа кои особини се пренесуваат на следните генерации.