Како Југословенките се дотеруваа во 60-тите?
Како Југословенките се облекуваа во 60-тите? По најнова мода согласно тогашните светски трендови!
Земјата била отворена кон светот, а една третина од патувањата во странство биле од „моден карактер“. Најдобар пример за тоа биле белградските улици, кои судејќи по фотографиите на Бранислав Бане Ѓорѓевиќ, биле вистинска модна писта. Ѓорѓевиќ бил локален професор по музика, но оставил длабока трага во светот на југословенската фотографија како трпелив набљудувач на животот на Кнез Михајлова.
Како член на фото-клубот „Белград“ тој често го фотографирал животот на улиците и благодарение на неговото остро око и чувство за естетика, изградил препознатлив стил и ги овековечил времето, модата и убавината на тоа време.