Како ќе функционираат „црните кутии“ кои од следната година ќе бидат поставени во новите автомобили?

Податоците се складираат само локално во возилото, па затоа не смеe да бидат достапни преку интернет конекција.

„Црната кутија“ sе инсталира во авионите со децении, а од 7 јули 2024 година ваква контролна кутија ќе биде задолжителна во сите нови автомобили.

Системот трајно ги снима податоците за возилото, но ги зачувува само кога ќе се надмине одреден праг за активирање. Имено, ако сензорите откријат, на пример, несреќа или ако контролната единица на автомобилот сигнализира дека е неизбежен судир.

Снимките се многу кратки: 5 секунди пред и 300 милисекунди по несреќата.

Неколку фактори може да предизвикаат снимање. Меѓу другото, промена на брзината за повеќе од 8 км/час во рок од 150 милисекунди, активирање на затегнувачите на безбедносните ремени, детонирање на воздушните перничиња, активирање на „активната хауба“ (ако автомобилите се опремени со овој систем) и заден краен судир, пишува германскиот авто клуб (ADAC).

EDR обично е дел од модулот за контрола на воздушните перничиња, бидејќи во секој случај ги пренесува информациите од сензорот за забрзување. Податоците се складираат само локално во возилото, па затоа не смее да бидат достапни преку интернет конекција.

Податоците може да се читаат преку вградениот дијагностички интерфејс (OBD) или преку контролната единица на воздушните перничиња доколку OBD е уништена во несреќа.

Податоците што се зачувуваат се брзината на возење, положбата на педалот за гас, брзината на моторот, активноста на ABS и контролата на стабилноста, како и аголот на управување (на предните тркала).

Во случај на несреќа, меѓу другото, се евидентираат промените во надолжната и страничната брзина, статусот на појасите на возачот и совозачот, предупредувачкото светло на воздушното перниче и времето на активирање на воздушното перниче.

Информациите за EDR обично се читаат по наредба на судија или државно обвинителство. Потоа се испраќаат на вештачење за да се разјаснат деталите за несреќата.

Возачот не мора секогаш да дава дозвола за ова. Сепак, може да се случи интересот на кривично гонење да преовладува над интересот за заштита на личните податоци.

Ова може да биде случај, на пример, ако е потребно да се разјасни како дошло до несреќа со сериозни повреди и/или смртни случаи.

реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Авто новости

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Read more

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Read more

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Read more

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Читај повеќе

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција од 13 автомобили вредни 50 милиони долари?

Читај повеќе

Што мислат возачите за автономните возила?

Читај повеќе

Само три Volkswagen модели ќе ја преживеат електрификацијата

Читај повеќе
  • filter

Пристигна: Новиот Volkswagen Tiguan има што да покаже

Читај повеќе

Маск ветува премаз што ќе спречи гребнатини на Cybertruck

Читај повеќе