Како ќе изгледа „првиот теренец“ на Ferrari?

На интернет се појавија фотографии кои го откриваат изгледот на Ferrari Purosangue.

Purosangue се смета за првиот теренец на Ferrari, но гигантот од Маранело не сака да го нарекува така. Како и да е, фотографиите „протекоа“ од фабриката и сега дефинитивно знаеме што да очекуваме кога Purosangue официјално ќе биде претставен. Фотографиите се далеку од идеални, но сепак откриваат како изгледа претстојниот модел однапред и одзади, додека страничниот профил исто така е делумно видлив.

И на прв поглед е јасно дека Purosangue не личи на конвенционален SUV, најмногу поради неговата висина и веројатно тоа е една од причините зошто Ferrari не сака таква класификација.

Purosangue повеќе личи на малку подигнат хечбек, а од Маранело истакнуваат дека тоа е нивното FUV, односно Ferrari Utility Vehicle.

Предниот дел на автомобилот потсетува на моделот Roma, особено кога се во прашање фаровите, а тоа дефинитивно не е негативна работа бидејќи Roma е можеби најубавото Ferrari по моделот 458.

Примерокот на фотографиите има лакови на тркалата во различна боја во споредба со каросеријата, што прави Purosangue да изгледа поробустен од моделот што го заменува, а тоа е GTC4Lusso.

Purosangue најверојатно ќе биде придвижуван од 3,9-литарски твин-турбо V8 мотор кој се користи и за други модели на Ferrari како Roma и F8 Tributo. Гласините велат дека Purosangue би можел да добие и V12 мотор кој развива речиси 800 КС, но оваа информација е непотврдена.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе