Се појавија нови рендери кои го откриваат изгледот на претстојниот Samsung Galaxy S22 Ultra.
Новиот дизајн на Samsung Galaxy S22 Ultra го објавиja типувачите Ice Universe и Tron кои имаат солидни информации за смартфоните на Samsung.
Новиот смартфон ќе има сензори за камери во облик на капки кои не се некој новитет, претходно ги видовме на серијата LG Velvet, како и Galaxy A32.
Од LetsGoDigital потврдуваат дека смартфонот ќе се вика Galaxy S22 Ultra, а не Note 22 Ultra како што се шпекулираше претходно.
Ќе има 6,8-инчен AMOLED екран со 40 MP селфи камера. Позади се наоѓаат 12MP 3x телефото камера и 12MP 10x перископска камера.
Во Европа ќе се продава со процесорот Snapdragon 895, a ќе добие батерија од 5.000 mAh и 45 W брзо полнење.
Ќе биде достапен во три бои: црвена, црна и бела.
Наскоро ќе дознаеме многу повеќе детали.