Како Холанд стана Халанд?

Не дека му даде хет-трик на Манчестер Јунајтед, не дека гази сезонава во Премиер лигата со 14 гола по само 8 кола, туку дека норвешкото чудо растура уште откако се појави како младо момче во Салцбург. Оттогаш постои една голема дилема за неговото име, односно како е правилниот изговор, дилема која тој самиот одамна ја реши.

Ерлинг Браут Холанд - вака ние во Кајгана го пишуваме. Така одлучивме затоа што сметаме дека тоа е најблиску до правилната норвешка верзија на неговото име и презиме. Она што сега повеќето ќе помислат е зошто пишуваме Холанд наместо Халанд, но за тоа немаме дилема, единствената дилема ни е дали Г во Ерлинг се изговара и дали Д во Холанд се изговара, односно дали се безгласни согласки.

Håland и нејзиното височество Å

Како и скоро секој јазик, така и норвешкиот (за кој, патем, постојат две верзии на пишување: бокмол (Bokmål - книжевен норвешки) и нинорск (Nynorsk - новонорвешки), но за тоа во некоја друга прилика) си има своја азбука, во случајов латиничната, но прилагодена на потребите на норвешкиот изговор. Како што постојат букви како на пример нам добропознатите Č и Ž, такви разни примери постојат и кај многу други јазици, а норвешкиот не е исклучок. Една таква буква е главниот виновник за проблемот со презимето на норвешкиот голгетер, а тоа е буквата Å. Потекнува од шведскиот јазик и азбука, но има широка употреба и во други јазици, како што е норвешкиот. Нејзиниот изговор варира, а во норвешки најчесто е нешто што е најслично на нашето О. И тука настанува проблемот. Па како може А да биде О? Може, затоа што тоа не е А, тоа е Å, а тоа мало и речиси невидливо крукче не е само за украс ставено, има добра причина.

Од Å до АА

Сте приметиле кога кај нас некој не пишува на кирилица на интернет туку со латиница пробува да напише некоја мисла, но не употребува комбинации на букви или од оние специјални букви, па напишаното на пример е „Sakas da dojdes“ (сакас да дојдес) наместо „Sakaš da dojdeš“ или „Sakash da dojdesh“ (сакаш да дојдеш)? И кај норвежаните не сите милуваат да ги користат специјалните букви, па затоа нашле решение. Така, буквата која денес е наш интерес, Å, добила верзија АА која соодветно ја заменува. И тоа за Норвежаните е кристално јасно и нема кој не знае каков глас треба да изговори кога ќе види АА, но затоа пак станува проблем кога некој странец ќе треба да прочита норвешко имке, како во случајот со Ерлинг Холанд.

Тогаш Холанд станува Халанд. И така Холанд заглави со Халанд. Повеќето така го знаат, повеќето коментатори на ТВ го велат Халанд необидувајќи се да истражат како е правилно. Ама, кој да ги обвини кога на дресот му стои Haaland? Кој да знае дека АА на норвешки се чита О? Побогу, па дали некој во нашиот збор „соопштение“ треба ОО да го прочита поинаку? Не може такви правила да се знаат тукутака.

Håland сам стана Haaland

Свесен за проблемот со неговото презиме, самиот играч официјално направи промена во своето презиме. Откако во август 2018 година од Молде дојде во Салцбург во Австрија, одлучи оригиналната верзија Håland, како што е роден, официјално да ја промени во Haaland, со цел, како што рече, да го олесни пишувањето на неговото име оти тогаш милуваа да го пишуваат Haland, што воопшто не е во согласност со правилниот изговор на неговото презиме. „Да бидам чекор пред времето, знаете“, рече тогаш. Причината беше што медиумите надвор од Норвешка никогаш не ја користеа буквата Å, а согласно промената, немаат никаков проблем да користат две А, односно АА, што пак е еквивалентно на проблематичната Å.

Ни тоа не му помогна многу, бидејќи сите повторно продолжија да читаат Халанд, со А. Нормално, па кој да знае правила на читање и пишување на норвешки?

Викајте ме како сакате

Кога од Салцбург дојде во Борусија од Дортмунд во јануари 2020 година, германските медиуми веднаш се фатија за неговото презиме со цел да ја расчистат дилемата, па во една прилика и директно го прашаа како е правилно.

– Би сакале да знаеме како си го изговараш името?, праша еден германски новинар од некое радио.

– Ако не сте во Норвешка можете да речете Ерлинг Браут Халанд. Ако сте во Норвешка тогаш ќе кажете Ерлин(г) Браут Холан(д).

– Значи сами да одлучиме како да те викаме?, дополнително праша новинарот.

– Сега не сме во Норвешка, па можете да кажете и Халанд, врати Норвежанецот.

Remote video URL

Пораката која тогаш ја прати играчот е дека Норвежаните треба да го почитуваат правилниот изговор на  неговото презиме, за што и не се сомневаме дека таму некој би го погрешил, додека сите останати имаат целосна слобода да го нарекуваат како што сакаат и не е проблем доколку го изговараат Халанд.

Се разбира, останува фактот дека само една верзија е всушност правилна, додека другата е само прифатлива.

реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Теми и коментари

Велосипедист 0 – сообраќајна некултура 21

Read more

Зошто Џеноа не се вика Џенова?

Read more

Зошто феминизам, а не „еднаквизам“?

Read more

Работи кои би било фино да се променат во Аеродром

Read more
 

Ново

Во САД откриени делови од мотори за авиони без сертификат, истрага е спроведена и во Европа

Читај повеќе

35-годишен маж загина во пожар во зграда во Хром

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Читај повеќе

Објавен распоредот на настапи за утрешниот музички настан Здраво млади

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Имаме куп Албанци народни херои, а улици се именуваат по фашистички колаборатори

Читај повеќе

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Читај повеќе