Чек дис аут

Како Ким Џонг Ун успеа да набави два блиндирани Maybach автомобили?

20. јули 2019 - 15:09 | Б.С.Б.

Во центарот на вниманието на автомобилската индустрија е прашањето од каде му се двата блиндирани Mercedes-Maybach S600 на Ким Џонг Ун.

Новинари на CNN истражуваа како двата автомобила се пристигнати до Пјонгјанг и по осуммесечно истражување е утврдено – со шверц преку океан и море. Двата блиндирани автомобила го напуштиле пристаништето во Ротердам во брод за Осака во Јапонија. Оттаму се префрлени во Бусан во Јужна Кореја. Не минале царина, само се преселени на друг брод чија дестинација била Русија.

Токму овде ситуацијата се комплицира, системот за следење на тој брод е изгасен во текот на 19 дена. Кога повторно се појавил, бродот веќе бил на пат во спротивен правец, наполнет со јаглен, без автомобилите.

Во евиденцијата нема испорака на автомобили кога бродот пристигнал од Јужна Кореја. Тука завршува трагата на хартија, неколку дена по пристигнувањето во Русија, оттаму за Пјонгчанг одлетале три товарни авиони. Случајност?

Целата приказна за шверцување луксузни автомобили во држава што е под санкција не е новост. Главното прашање што новинарите го поставуваат е што сè друго се шверцува под радарот?

Коментирај