Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Со овој модел Кинезите го напаѓаат најсилниот американски сегмент.

Само еден ден по воведувањето на огромни царини, Кинезите решија да покажат дека нивните планови не се спречени. Напротив, ќе удрат точно таму каде што најмногу боли.

Американските возачи едноставно обожаваат пикап камиони, а меѓу нив особено се приврзани за Ford F серијата, која со децении е најпродаваниот модел на овој огромен пазар. Кинезите го направија очекуваното: го зедоа добро познатиот дизајн и вметнаа своја технологија во него.

Епилогот можете да го видите на фотографијата. Се вика Shark, го потпишува кинески BYD, а деновиве беше претставен и во Мексико. Станува збор за огромен пикап камион долг 5,5 метри и широк нешто помалку од два метри. Тој е поголем дури и од Colorado на Chevrolet.

Она што изненадува е скриено под хаубата. Нема место за голем V8, па дури и V6 мотор, но сепак има 436 КС. Тие се обезбедени од plug-in хибриден систем кој се состои од 1,5 турбо бензински мотор во комбинација со електричен мотор. Оваа ѕверка достигнува 100 км/час за 5,7 секунди, а 100 км вози на струја според стандардот NEDC. Полнењето од 30 до 80% капацитет на батерија со капацитет од околу 30 kWh трае 20 минути со моќност на полнење до 40 kW.

Комбинираниот опсег е 840 км, а еден од важните податоци е како погонот може да испрати над 300 Nm вртежен момент до секоја оска.

Носивоста на возилото е задоволителни 835 кг, додека влечната сила е ограничена на малку поскромни 2500 кг. Опремата е секако првокласна, а покрај системите за асистенција вклучува и целосно дигитален кокпит. Распеаните Мексиканци добиваат и уникатен додаток - функција за караоке со вграден микрофон.

BYD Ranger доаѓа на мексиканскиот пазар по почетна цена од околу 49.300 евра. Со оглед на тоа што се работи за модел поголем од, на пример, Toyota Hilux и со забрзување на ниво на Honda Civic type-R и опремен со plug-in хибрид, цената е многу конкурентна.

Тагови
реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Авто новости

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Read more

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more
 

Автомобили

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе