Филм & ТВ

Како ќе изгледа Роберт Патинсон во улогата на Бетмен?

17. февруари 2020 - 11:50 | Б.С.Б.

Пред неколку месеци е објавено дека Роберт Патинсон ќе биде новиот Бетмен, а сега е објавен и првиот тизер кој прикажува како ќе изгледа во таа улога.

Режисерот на филмот, Мет Ривс, објави тизер на кој се гледа Бетмен во одело, а кратката снимка веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Патинсон неодамна беше прогласен за најубав маж во светот, а улогата на Бетмен ја наследи од Бен Афлек, кој ја отстапи по „Dawn of Justice“ во 2016 година.

Патинсон за Variety изјави дека кога слушнал за снимањето на новиот Бетмен воопшто не се двоумел дали да се пријави на аудиција.

Коментирај