Архитектура

Како ќе изгледаат „пловечките градови“ од иднината?

10. април 2019 - 13:18 | К.З.

Просторот за живот на копно станува ограничен, па затоа мора да се наоѓаат нови места и начини за сместување на што е можно поголем број луѓе. На последниот состанот на Обединетите Нации беа презентирани идеи за „пловечки градови“, кои се сметаат за најсовремено решение за домување.

Ваквите пловечки структури ќе бидат сместени во близина на бреговите и островските градови, а ќе послужат како сместувалиште за луѓето кои го напуштаат копното поради некаква природна катастрофа.

Нивниот дизајн е направен на тој начин што е обрнато внимание на нивото на подигнување на водата во морињата и океаните, а креаторите на овој проект се уверени дека ова е решението за пренаселеноста на копнена површина.

„Пловечките градови“ ќе лежат на неколку октагонални површини, а секоја од нив ќе може да биде дом на 300 луѓе. Моменталните планови велат дека ваквите градови ќе имаат место за дури 10.000 жители и секој од нив ќе биде совршено безбеден, иако се наоѓа на површина која плови над водата.

Жителите на овие градови ќе ја имаат можноста да одгледуваат сопствена храна и тоа на две нивоа: подводно и површинско. Додека на површината ќе има почва за одгледување на растенија, под површината ќе има затворени кафези во кои ќе се одгледува морска храна.

Oceanix, компанијата која ја предлага оваа идеја тврди дека дизајнот и изведбата на платформите е совршена и отпорна на поплави и бури. Во случај на екстремни временски услови кои го загрозуваат животот, целиот град може да биде закачен за брод и да се одвлече на безбедна локација.

Коментирај