Филм & ТВ

Како ќе се вика новиот филм за Бонд?

21. август 2019 - 12:02 | Б.С.Б.

Даниел Крег повторно ќе го гледаме како Џејмс Бонд во новиот филм, чија премиера е закажана за 2020 година. Конечно е познато е како ќе се вика новиот филм за агентот 007.

Главните улоги во „No Time to Die“, покрај Крег, ќе ги толкуваат Рами Малек, Леа Сејдо, Ана Де Армаш и други. Британската премиера е закажана за 3 април, додека американската на 8 април 2020 година.

Дејството во новиот филм се одвива околу пензионираниот Бонд кој ужива на Јамајка. Неговиот мир нема долго да трае, кога ќе се појави неговиот пријател Феликс Литер, молејќи го за помош. Мисијата во која е потребно да спасат киднапиран научник ќе испадне покомплицирана отколку што е очекувано и Бонд ќе се соочи со нов негативец вооружен со опасна технологија.

Коментирај