Здравје

Како кожата ве предупредува да го смените начинот на исхрана?

21. август 2019 - 13:18 | М.С.

Проблемите со кожата се појавуваат одеднаш и се сигурен знак дека нешто правите погрешно. Еве како телото сигнализира да водите сметка за исхраната.

Здравата исхрана и редовното вежбање се пресудни доколку сакате да бидете здрави и да живеете долго. Но, она што го консумираме влијае на нашата кожа и тоа значително многу.

Кожата е најголем орган на нашето тело, па се подразбира дека она што ни се случува во организмот ќе се одрази и на неа.

Модри усни и длабоки брчки околу устата

Причина: пушење

Пушењето предизвикува уништување на кожата. Никотинот ги суши крвните садови, влијае на циркулацијата на крвта, кожата не добива доволно кислород  и нутритиенти кои ѝ се неопходни.

Акни

Причина: инфекција, лош начин на исхрана

Акните се израз дека нешто е воспалено во организмот. Омега 3 масните киселини се силно противвоспалително дејство, така што рибите, маслиновото масло и авокадото се намирници кои се одлични за кожата. Природен лек против воспалувањето е ѓумбирот. Треба да избегнувате преработена храна, да внимавате со консумација на млечни производи, алкохол и кофеин.

Темни кругови околу очите се знак дека внесувате премногу шеќер. Шеќерот го уништува колагенот на кожата и го забрзува нејзиното стареење.

Сувата кожа е знак за проблеми со црниот дроб

За да се погрижите за здравјето на црниот дроб треба да внесувате зеленчук, посебно брокула, зелка, карфиол. Доколку црниот дроб не работи како што треба, тоа се одразува на кожата.

Коментирај