Како кучињата ги гледаат боите и зошто очите им светат зелено во темница?

Некогаш се веруваше дека кучињата гледаат црно и бело, но тоа не е баш така.

Постојат два вида фоторецептори во мрежницата на окото: стапчиња и конуси. Стапчињата се многу чувствителни и овозможуваат гледање во услови на слаба осветленост, додека конусите се одговорни за дневно гледање и перцепција на боите.

Конуси

Постојат три типа на конуси. Секој вид реагира на различни бранови должини на светлината.

Кучињата, како и повеќето други цицачи, имаат два типа на конуси кои му овозможуваат на нивниот мозок да разликува сино од жолто, но не и црвено од зелено.

Џеј Најт, експерт за перцепција на бои од Универзитетот во Вашингтон, има спроведено многу експерименти за перцепција на бои кај кучињата и вели дека очите на нашите миленици се структурирани на сличен начин како и луѓето кои имаат ваков тип на далтонизам или на чии очи исто така им недостига третиот тип конуси.

И кучињата и луѓето користат неврони во мрежницата за да видат сина или жолта боја. Меѓутоа, кога станува збор за црвена и зелена боја, кучињата немаат неврони кои би реагирале на нив, па брановите од овие бои имаат неутрален ефект. Предметите што ги гледаме како црвени или зелени, кучињата ги гледаат во нијанси на сива боја.

Сепак, кучињата имаат други начини да го препознаат она што за луѓето е црвената боја - доколку ви е потребно да ги научите на тоа. На пример, бојата што ја нарекуваме црвена кучињата ја гледаат потемна од онаа што ја нарекуваме зелена.

Помалку конуси, но повеќе стапчиња

Иако имаат помалку конуси, бројот на стапчиња во нивната мрежница е поголем, поради што тие, во споредба со луѓето, гледаат подобро во мрак.

„Исто така, кучињата имаат поголеми зеници од луѓето, поради што нивните очи пропуштаат повеќе светлина“, објаснува ветеринарката д-р Кети Нелсон.

„Кучињата исто така имаат многу пошироко видно поле од луѓето и гледаат агол од 250 степени, додека човечкото око гледа 190 степени“, додаде таа.

Зошто очите на кучињата светат зелено во мракот?

„Веројатно сте забележале дека очите на кучињата и мачките можат да бидат сјајно зелени во мракот, а тоа е поради сјајната површина во задниот дел на окото наречена tapetum lucidum, која делува како огледало во окото и ја рефлектира светлината што влегува“, објасни д-р Нелсон.

„Таа светлина, исто така, го засилува процесот наречен флуоресценција, а тапетумот може да рефлектираат до 130 пати повеќе светлина од човечкото око, што ги прави кучињата пет пати почувствителни на светлина од нас.

Тагови
реклама

Марихуана или алкохол: Што е поштетно?

Read more

Еврото какво што го знаеме наскоро заминува во историјата

Read more

Првата капсула за евтаназија одобрена во Швајцарија

Read more

Солзи и 8 часа сведочење: Жртва на Епстин зборуваше за „оргиите“ во авионот „Лолита експрес“

Read more

Наука

Симулација: Што се случува кога ѕвезда премногу ќе се доближи до црна дупка?

Read more

Кинески ровер истражува мистериозен објект на темната страна на Месечината

Read more

Судир на црни дупки би можело да го уништи универзумот

Read more

Откриена нова планета – што знаеме за неа досега?

Read more
 

Гик

  • filter

Древната палата на врвот на светот, симбол на тибетскиот будизам

Читај повеќе

Црната кутија на Земјата ќе го регистрира крајот на светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најпопуларното TikTok видео во 2021­

Читај повеќе

Наезда на крастави жаби во Тајван: Немаат предатори и испуштаат отров

Читај повеќе

Instagram ја воведе опцијата „Take a Break“

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА одбра 10 нови астронаути, меѓу кои и 4 жени

Читај повеќе

WhatsApp ја воведе долгоочекуваната опција за „минливи“ пораки

Читај повеќе

Русите испраќаат еден од најбогатите Јапонци во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Ameca морничаво многу личи на човек

Читај повеќе