Како куршумите не го погодуваат пропелерот?
Во текот на првата светска војна, воздужните битки добиле на популарност, а многу пилоти носеле пиштол за да можат да го одбијат непријателот. Сепак, како што битките станувале почести, било потребно посилно оружје, па некој решил да монтира пушко-митралез на предниот дел од авионот, веднаш зад пропелерот.
Сепак со еден практичен изум, куршумите секој пат ги промашуваат перките, а момците од каналот The Slo Mo Guys користат реплика за да покажат како функционира тоа.